ДПГТУ „Мартин Инженеринг“ Дооел увоз-извоз Скопје е фирма основана 1993 год. во Скопје, Р. Македонија, со традиција на успешно работење веќе 22 години.
Друштвото се занимава со градежништво од областа на нискоградба и високоградба, со проектирање на објекти, внатрешна архитектура и изработка на мебел и опремување на објекти и трговија.
Друштвото поседува Лиценца А и Б за проектирање на градби од прва категорија, лиценца Б за ревизија, лиценца Б за изведување на градби од втора категорија и лиценца Б за надзор. Вработените инженери поседуваат овластувања А и Б за проектирање, изведба, ревизија и надзор на градби.
Вработените во „Мартин Инженеринг“ целосно се посветени на исполнувањето на очекувањата и барањата на своите клиенти. Оваа интенција вработените ја остваруваат со одржување на ефективен систем за унапредување на квалитетот заснован на ISO 9001 стандардот и системот за унапредување со заштита на животната средина (EMS согласно барањата на ISO 14001 стандардот), како и системот за управување со безбедноста и здравјето при работа согласно барањата на OHSAS 18001:2007 и Систем за управување со Безбедност на Информации ISO 27001:2005.
Во своето работење фирмата успешно соработува со повеќе компании, како од земјата така и од странствo. Застапник е на компаниите „Интерплан“ од Карловац, Хрватска и „GÜMAK" Турција, како и соработник на „Регенерација“ од Словенија.
Основна цел при изведување на објектите е нивниот квалитет, пратење на новите светски трендови во архитектурата и градежништвото, вградување на квалитетни материјали. Изведените и проектираните објекти се доказ за квалитетот и професионалноста на успешното работење на фирмата.
Друштвото „Мартин Инженеринг“ е меѓу првите фирми кои се занимава со проектирање и изведба на пречистителни станици за отпадни води од фекална канализација и отпадни води од хемиска индустрија. Во својата референтна листа има проектирано и изведено неколку пречистителни станици за отпадни води во Р. Македонија.